За нашиот патрон

За Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов бил роден на 14 август 1868 во с. Богомила-Велешко, а починал на 1 јануари 1941 година во Софија-Бугарија. Тој е еден од основоположниците на Македонската Револуционерна Организација ,член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“. Тој е познат како еден од најголемите борци за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис. Своето образование го стекнал на повеќе локации како Велес, Солун и Белград. Во Софија студирал на филозофско-историскиот факултет заедно со бројна македонска интелигенција: Даме Груев, Крсте Мисирков, а подоцна и со Гоце Делчев и Ѓорче Петров.